Информации за испорака

Правилата на испорака на www.venmarket.mk појаснуваат кои се условите и начинот на испорака на купените производи.

 

Испораката на сите производи се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Доколку службата за испорака не успее да го пронајде купувачот на наведената адреса за испорака, ќе остави писмено известување и ќе се обиде да воспостави контакт со купувачот користејќи ги податоците оставени од негова страна при правењето нарачка.

 

Испорака на производите се врши во период кој самиот купувач го избрал за време на достава на производите..

Испораката на производите се врши на следниот начин:

-,за градот М.Каменица  испораката е минимум за 60 минути од направената нарачка,

- за периферни подрачја на Општина М.Каменица испораката ќе биде во рок од 180 минути(3 часа) од направената нарачка,

- и за териториjата на Р.Македонија се испорачуваат производи кој не бараат одредена температура за испорака, рокот на испорака е минимум за 24часа од направената нарачка.

- Испорака на нарачките се врши секој работен ден во периодот од 09:00 часот до 19:00 часот и сабота во периодот од 09:00 часот до 16:00 часот,недела и државни празници нема да се врши достава. Нарачките направени секој работен ден  после 17:00 часот и сабота после 15:00 часот ќе бидат доставени наредниот работен ден во период наведен од купувачот. Производите се испорачуваат со добар квалитет и рок на траење, гаранција (доколку производот има гаранција), испратница и фактура или фискална сметка за извршеното плаќање.

Секој купувач е должен при испорака на производите да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.

 

Забранета продажба на алкохолни пијалоци и цигари на лица со возраст под 18 години и на енергетски пијалоци на лица со возраст под 14 години.  

Согласно со измени во Законот за трговија, објавен во сл.весник  (148/13)

Забранета е продажба на алкохолни пијалоци во период од  21.00 до 06.00 часот наредниот ден  , во период од  01 мај до 30 септември

Согласно со измени во Законот за трговија, објавен во сл.весник  (99/09)

Забранета е продажба на алкохолни пијалоци во период од  19.00 до 06.00 часот наредниот ден  , во период од  01 октомври до 30 април

Согласно со измени во Законот за трговија, објавен во сл.весник  (88/08)

Venmarket © 2024. UKION SHOPS